– Одлуката на Велика Британија да го укине карантинот за луѓето што се враќаат од Франција може да и даде „ветер во грбот“ на француската туристичка индустрија, изјави државниот секретар во Министерството за туризам, Жан-Баптист Лемојн.

Тој за радиото Франс Интер изјави дека Британците посебно сакаат да патуваат во регионот на Дордоња и Лот и притоа ја поздрави одлуката на Лондон.

Британија со две дози против Ковид-19 вакцинираше поголем број луѓе отколку повеќето земји, но поради серијата збунувачки мерки, практично го спречи своето население да патува во многу земји.

Англија и Шкотска, исто така, ги олабавија правилата за Австрија, Германија, Словенија, Словачка, Летонија, Романија и Норвешка. Овие земји ќе бидат ставени на зелената листа од страна на Британија од 8 август, што значи дека британските туристи кои се враќаат од одморот од тие земји повеќе нема да мора да одат во самоизолација, без разлика дали се целосно вакцинирани или не.

Бритиш ервејс го поздрави олеснувањето на правилата, порачувајќи дека Владата треба да оди уште подалеку во таа насока. паг/