Би-Би-Си пишува дека станува збор за посебна, ограничена серија на монети што го отсликуваат портретот на принцот Филип.
Дизајнот на паричката беше одобрен во 2008 година од принцот Филип, кој почина во април.
Монета во чест на принцот Филип
Британскиот министер за финансии Риши Сунак рече дека паричката е „соодветна почит“ на покојниот принц, кој „иницираше и инспирираше многу луѓе ширум светот за време на неколку децениската служба на Велика Британија и кралицата Елизабета Втора“, со која тој беше во брак.
– Горд сум што можам да ја претставам паричката на Денот на вооружените сили, со оглед на неговата истакната поморска кариера и непоколебливата посветеност на нашата кралица и неговите кралски должности, истакна Сунак.
На монетата пишува „Неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург 1921-2021 година“ и е произведена од Кралската ковачница.