Рускиот опозициски лидер и активист против корупцијата, Алексеј Навални, бил отруен од Русија со смртоносен токсин пронајден во кожата на еквадорските стрелечки жаби, што „многу веројатно“ довело до неговата смрт, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

– Само руската држава имала средства, мотив и можност да го употреби овој смртоносен токсин и да го таргетира Навални за време на неговиот притвор во руска казнена колонија во Сибир, и ние ја сметаме за одговорна за неговата смрт – вели британската влада.

– Епибатидинот природно се наоѓа во стрелечките жабите во дивината на Јужна Америка. Стрелечките жаби во заробеништво не го произведуваат овој токсин и тој природно не се наоѓа во Русија. Нема разумно, невино објаснување за неговото присуство во телото на Навални – се додава.

Истрагата за неговата смрт ја спроведе Велика Британија „во соработка со партнери од Шведска, Франција, Холандија и Германија“.

Велика Британија го пријави труењето во Организацијата за забрана на хемиско оружје, обвинувајќи ја Русија за „грубо кршење“ на Конвенцијата за хемиско оружје.