Министерот за транспорт Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан“.
Луѓето кои ја немаат апликацијата ќе можат да побараат писмо од НХС, кое би го носеле со себе за време на патувањето.
Информацијата следи откако министерот Шапс откри „зелена листа“ на земји каде Британците можат да одат на одмор – Португалија, Израел и Исланд.
– Денеска го одбележуваме првиот чекор кон претпазливо враќање на меѓународните патувања, со преземени мерки за заштита на јавното здравје и да се осигураме дека нема да се отфрли тешко освоената победа за која сите се стремевме оваа година, рече министерот Шапс.
Тој додаде дека луѓето можат да очекуваат патувањето да биде малку поразлично ова лето – со подолго чекање на граница, во рамки на построгите мерки за спречување влез на нови видови коронавирус во Велика Британија.