Брзо откако Ерик тен Хаг му соопшти на Хари Мегваер дека нема да биде прв капитен на Манчестер јунајтед, клубот го назначи новиот предводник на теренот, тоа е Бруно Фернандеш.

Бруно Фернандеш е именуван за нов капитен на Манчестер јунајтед, соопшти англискиот клуб.

Португалецот веќе во неколку наврати ја носеше капитенската лента, а сега Ерик тен Хаг го назначи за прв капитен.

Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед е од 2020 година, има одиграно 185 натпревари, постигнато 64 голови и 54 асистенции.