– На министерски совет ќе прифатиме како точка продлжувањае на вонредната состојба поради пандемијата, изјави Борисов.
Мнистерот за здравство Костадин Ангелов додаде дека во државата ќе може да се влезе на три начини.
– Првиот е со потврда за вакцинација, со негативен ПРЦ тест и третиот со документ дека е прележан вирусот во изминатите 6 чесеци.
Она што сакам да го кажам е дека одржавме состанок пред повеќе од месец и половина, на кој презедовме две обврски. Првиот беше, најдоцна од почетокот на мај, да ги направиме правилата за влез во земја конкурентни на нашите соседни земји со цел да го спасиме бугарскиот туризам и оваа година да имаме подобра сезона, што ќе биде добро за целата земја, додаде министерот Ангелов.
-Втората обврска што ја презедовме за туристичката индустрија беше од почетокот на мај да започнеме со вакцинирање на сите кои работат во областа на туризмот. Сите оние кои поднеле барање да се вакцинираат ќе бидат вакцинирани од почетокот на мај, за да можат безбедно да работат во хотели на црноморскиот брег и во земјата, додаде тој.