Како награда за вакцинација, на секој пензионер ќе му бидат исплатени 75 лева (околу 38 долари) и оваа иницијатива ќе трае до јуни следната година, објавија локалните медиуми.

Во Бугарија само 27 отсто од населението биле вакцинирани со две дози, од кои само три отсто добиле бустер доза.

„Постои опасност Бугарија да стане своевидно гето со коронавирус“, предупреди вирологот Радка Аргирова.

Многу Бугари не сакаат да се вакцинираат, што се објаснува со општата недоверба кон која било влада, но и со теориите на заговор кои кружат на интернет.

Четвртиот бран на инфекција го достигна врвот во Бугарија на почетокот на ноември. Бројот на новозаразени опаѓа, а седумдневната инциденца е 149 заразени на 100.000 луѓе.