ОД ГЛАВЕН ПОДДРЖУВАЧ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ 🇪🇺, БУГАРИЈА 🇧🇬 ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ

Откако стави вето на Македонија 🇲🇰 за почеток на преговори со ЕУ 🇪🇺 поради идентитетски и јазични прашања, Бугарија не само што ги влоши односите со Македонија до најниско ниво досега туку и го навлече гневот на голем број европски држави, вели Ивановски во својот напис за Конзерватив МК.

Тој се осврна на случувањата од Хрватска во изминативе неколку дена, каде се случиле неколку напади врз бугарски државјани поради позициите кои Софија ги застапува кон Македонија.

– Националистичката позиција на Софија се повеќе наликува на империјалистичка политика од 18. и 19. век, вели тој.

Доколку официјална Софија ја продолжи блокадата на Македонија, индиректно ќе ја блокира и Албанија, пишува Ивановски, додавајќи дека тоа би значело бугарска блокада на две земји од Западен Балкан и заладување на односите помеѓу Софија и Тирана, но и на подолг рок со Сараево и Приштина кои заостануваат во евроинтеграциите.

– Од ден на ден, бугарските позиции кон Македонија сè повеќе се совпаѓаат со оние на Кремљ и структурите на поранешна УДБА кои работат на стопирање на проширувањето на ЕУ кон Балканот, заклучува тој.

Целиот текст прочитајте го на Фејсбук страницата на Конзерватив МК.

ОД ГЛАВЕН ПОДДРЖУВАЧ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ 🇪🇺, БУГАРИЈА 🇧🇬 ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ

Откако стави…

Posted by Conservative.mk on Friday, May 28, 2021