Како што јави дописникот на МИА од Софија, продолжувањето на периодот за попис на населението ќе им обезбеди неопходно време на попишувачите да ги завршат своите активности и да ги соберат сите потребни информации во согласност со европското и националното законодавство.

Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку Интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021“.

Досега, 2.216.254 луѓе се пребројани преку Интернет, распоредени во 973.811 домаќинства.

Преку физичките попишувачи заведени се 1.954.116 луѓе, а вкупниот број луѓе во Бугарија веќе е над четири милиони луѓе.