Соопштение за настанот објави бугарското Министерство за надворешни работи, што го пренесуваат и медиумите.

Во информацијата се наведува дека традиционално, на 4 мај, амбасадата на Република Бугарија во Скопје ја одбележала 118-годишнината од смртта на бугарскиот револуционер, почитувајќи ги сите мерки на безбедност во услови на пандемија.

Амбасадорот Ангел Ангелов во својата реч подвлекол дека „значајниот бугарски револуционер Гоце Делчев го дал својот живот за слободата на своите браќа“.

– Независно од сите перипетии на нашата тешка судбина, Гоце Делчев ќе остане светол симбол на несебична жртва, чесност, на заедничката историја и на заедничката европска иднина на Бугарија и Република Македонија, изјавил амбасадорот Ангелов.