Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе извршат увид во изградбата на новото основно училиште во Визбегово во општина Бутел.
Изградбата на новото основно училиште во населбата Визбегово почна со средства на МОН.
Како што е најавено, по посетата предвидени се изјави за медиумите на вицепремиерот Груби и министерката Царовска.