Министерката за образование Мила Царовска на својот фејсбук профил објави видео во кое се истакнува дека наместо развивање на критичко мислење кај основците и средношколците историјата досега развиваше силни политички митови и дискриминираше дел од етничките заедници кои живеат во нашата држава.
-Според новите наставни програми кои започнуваат од следната учебна година во септември ќе се изучува за различните етнички заедници Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби и сите останати.