За жал, додава тој, бројот на починати паѓа многу споро. Според него, добро е што луѓето не се собираат во затворен простор.

Друго објаснување освен колективен имунитет, д-р Пановски, не може да најде.

 

– Овој пролетен бран беше посилен, меѓу 60 и 70% од луѓето биле во контакт со вирусот, пред се млади луѓе. Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава. Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа, забранети, и никаква реакција, освен јас уште неколку доктори, се даваа лекови и кај здрави луѓе. Другите аспекти треба да ги испитаат, посочи д-р Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.