Утрово во 06.00 часот е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат.

Според информациите, во моментов пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ке се утврдува

Од Центарот за управување со кризи потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин на улица „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.