Конвој со 20 шатори, 100 камперски кревети и 500 вреќи за спиење денеска треба да пристигнат во Литванија, соопшти министерството. Вредноста на хуманитарната пратка е 3,2 милиони чешки круни (околу 124.000 евра). Залихите ќе ги пренесе чешката противпожарна служба.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко уште еднаш и се закани на Европската унија дека е подготвен да им дозволи на мигрантите, кои бегаат од воените зони, слободно да минуваат низ Белорусија, како одмазда за санкциите на ЕУ против оваа изолирана источноевропска нација.
Литванија, која има речиси 680 километри долга граница со Белорусија, е сериозно погодена од големиот број мигранти, кои во последните неколку недели ги минуваат нејзините граници.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, истакна дека е неприфатливо миграцискиот проблем да се искористува како средство за притисок врз ЕУ и нејзините земји-членки.