Претседателот на Собранието Талат Џафери од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и лично, упати честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

– Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот. Нека бидат поука дека заемното почитување, разбирање, единственоста и заедништвото во напорите за градење на современа, демократска и напредна држава единствено може да не вброи во земјите со успешна приказна. Направивме исклучително тешки чекори, нови и непознати стојат пред нас, меѓутоа, ако сме искрено и заедно на тој пат, ништо нема да не поколеба!, се вели во честитката упатена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.