Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје и товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х.М.(26) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.А., а со телесни повреди се здобиле Б.Е. и двајца сопатници од возилото „мерцедес“ – Н.А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники Мајка Тереза – соопшти полицијата.