Најавите на министерот Александар Николоски за нови авиолинии од Скопје и Охрид стануваат редовност. Авиогигантот Туркиш Ерлајнс четири пати неделно ќе лета на релација Охрид – Истанбул.
Реномираниот медиум exyuaviation ги соопшти деталите за веста.
Туркиш Ерлајнс закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година. Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата. Летовите ќе започнат на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела, со мешавина на авиони со тесно тело, вклучувајќи ги Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900.
Дополнителни детали за летот може да се видат овде.
Откако Александар Николоски стапи на функцијата министер за транспорт и врски има големи промени во авиосообраќајот во нашата држава.
Од скопскиот аеродром ќе се лета до Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт. Од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус. Во меѓувреме, се укинуваат летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм, но ќе се лета почесто до Дортмунд и тоа секој ден во неделата.