Собранието за денеска има закажано четири пленарни седници, а седница треба да одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според веб страницата на Собранието, треба да се одржат 54-та, 30-та, 66-та и 41-та пленарна седница на чиј дневен ред се останати уште неколку точки за разгледување.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, треба да расправа за Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање.