Од нив, четворица се вработени во МВР и судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувања, а другиот првостепено осуден е посредникот Раиф Мифтари, кој се товари за поттикнување.

Мифтари доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 години и 7 месеци, 2 години и 3 месеци, 2 години. Условната казна е за еден вработен во МВР и таа изнесува 6 месеци затвор, кои нема да се извршат ако во рок од 2 години тој не направи ново кривично дело.

Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор.

Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години.

Обвинителниот предлог за овој случај беше поднесен на 14 април. Како што тогаш соопштија од ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година.

Им биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.