Четврти ден по ред продолжува пребарувањето на 22-годишниот возач кој излета во реката Вардар кај тетовско Желино, при што се приклучија и припадниците на Армијата.
-Вчера и денеска во пребарувањето активно се вклучени десет луѓе од специјализираните единици како и 50-тина припадници на Армијата од касарната во Тетово. Припадниците на Армијата дејствуваат во координација со останатите институции, информираше полковник Тони Јаневски, портпарол на Генерал Штаб на Армијата.
Од тетовската полиција информираа дека денеска се пребарува во водите на Вардар, на потегот од мостот на тетовско Желино до скопското село Радуша.
Пребарувањето, во кое учествуваат и припадници на МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, неколку нуркачки екипи и жители од селото, се одвива со зголемена динамика, метар по метар од водите и брегот на реката. Со цел да се овозможи непречено пребарување и денеска е намалено нивото на водaтa во реката, што им овозможува на пребарувачите да имаат подобар преглед и побрзо движење долж течението, информираше Марјан Јосифоски од СВР Тетово.
Дваесет и две годишниот кумановец Е.Р. на 27 септември околу 11.30 часот со возило „фолксфаген голф“ со кумановски регистарски, ознаки излета од коловозот во реката Вардар.