По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати честитка за пошироката јавност која ја пренесуваме интегрално.

Денес, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги стави темелите на суверена и самостојна Република Македонија. ​Наша обврска и неуморна задача за да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено е да го трансформираме енергетскиот систем.

​Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, мојата лична и политичка заложба е јасна: Нема вистинска државна независност без енергетска независност. ​Не можеме да говориме за силен суверенитет додека зависиме од туѓи енергетски кризи и увоз.

Македонија има потенцијал и знаење за сами да ја управуваме нашата енергетска иднина! ​Нашата татковина заслужува да биде силна, економски стабилна и енергетски самостојна. Тоа е нашата борба денес, тоа е новиот генерациски завет за Македонија.

​Честит 8 Септември, Денот на независноста!

Да ни е вечна, силна и горда Македонија!