Легендата на македонскиот фудбал, стрелецот на првиот гол во историјата на самостојна Македонија, Зоран Бошковски – Чоко, очекува трудот, истрајноста и квалитетот на овој фудбалски состав да продолжи и понатаму.
Вели многу добро ги познава играчите. 80 проценти од нив биле дел од У21-репрезентацијата кога токму тој беше тренер (од 2009 до 2014 година), години кога фубалот почна за запишува историски успех. ,,Така да за некои работи и не сум изненаден и мислам дека ќе продолжат и понатаму да се развиваат и да играат добро”, додава Бошковски.
Лидер: Што се случи синојќа во Палермо? Дали е ова голем момент во историјата на македонскиот фудбал?
-Сигурно дека е голем момент, голем триумф. Тука нема збор. Сите сме радосни и задоволни. Останува уште здравје во вторник со Португалија. Што да се каже одиграа максимално борбено, пожртвувано, квлитетно и на крај се врати целиот труд.
Лидер: Очекувавте ли вакво нешто да се случи и европскиот првак да падне на колена?
-Од прилика очекував ваков тврд натпревар. Дека ќе биде тежок дека можеби еден гол ќе одлучи на било која страна. Познавајќи ги нашите фудбалери, знаев дека ќе одиграат мотивирано, борбено, агресивно и дека ќе пружиме добар отпор. Е сега дали ќе биде тоа доволно да победиме тоа е друго прашање. Ама ете некоко се поколопија коцките и навистина голем триумф.
Лидер: Што очекувате од финалето за бараж со Португалија?
-Сега имаме уште поголем мотив. Сепак мислам дека има 4,5 дена за да се рекуперираат, да се одморат. Очекувам исто така тврд натпревар и со Португалија .
Лидер: Можно ли е да се случи чудо?
-Се е можно. По ова вчера, може чудо, а може и да не биде чудо.Може да биде и една добра победа. Чудо беше со Германија, па сега чудо со Италија, па сега со Португалија може да не биде чудо туку реалност!
Лидер: Мислите ли дека оваа репрезентација на чело со Милевски има сила да продолжи понатаму?
-Има, сигурно дека има. Има и сила и желба и мотив и континуитет. Веќе неколку години играат заедно овие фудбалери и практично сега се на врвот на кариерата. Повеќето се 27,28, 30 години. Во најубавите години. И мислам дека во наредни четири години ќе можат уште добро да играат и да дадат максимум и да се постигнуваат во континуитет добри резултати.
Јас им бев тренер на сите овие фудбалери во репрезенатцијата до 21 година. 4,5 години им бев тренер на повеќето од нив, на 70% 80% од нив, многу добро ги познавам и карактерот и квалтетот . Така да за некои работи и не сум изненаден и мислам дека ќе продолжат и понатаму да се развиваат и да играат добро, додава Бошковски.