Вкупно девет лица, меѓу кои Австријци, Турци и Срби, групно силувале две девојчиња на возраст од 15 и 16 години. Овој чудовишен чин се случил на 25 декември 2023.

Учесниците во овој чудовишен чин

Се работи за девет лица, меѓу кои има Австријци, Турци и Срби.  Меѓу овие монструми има и малолетни лица, поточно сите се на возраст од 15 до 18 години.  Дополнително шокантно е што тие го снимале целото дејствие на своите мобилни телефони

Сите лица моментално се во бегство, а полицијата активно трага по нив.  Се трага по 8 момчиња и едно девојче.

Како дошло до групното силување?

Жртвите на овој чудовишен чин, односно двете девојчиња сведочат дека биле поканети од неколку познаници да се дружат во станот на родителите на момче од 15 години.

Во станот, имало забава на која имало изобилие на алкохол.  Четворица осомничени ги нападнале и силувале двете малолетни девојчиња.

Слични инциденти на овој чудовишен чин

Во периодот на декември, малолетно девојче од 12 години, било групно силувано од 17 лица. Девојчето било силувано на подолга временска основа.

Овие два инцидента се најдоа на насловните страници во Австрија

Извор: Fokus