Една човечка жртва однел пожар во куќа во селото Косевица, близу Македонска Каменица, информираше Регионалниот ЦУК Штип.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 часот до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во селото, односно во месноста „Реката”. Интервенирано е со две протипожарни возила, а материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема.
„Причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, лицето откако ја запалило куќата, која веќе била зафатена од пожарот, се фрлил во базен во кој починал. Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата“, известува ЦУК.