На 06.02.2024 во 19.40 часот во Полициското одделение Ранковце било пријавено дека во опожарена нива во село Одрено, општина Ранковце, бил пронајден починат Д.С.(68) од истото село.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека смртта настапила како последица на изгореници на телото и главата и на телото немало траги на насилство, информира МВР.

Според пријавеното, околу 12.00 часот тој излегол од домот да пали сува трева на неговата нива, по што немал контакт со семејството.

Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.