„Д Фестивал“: Голема музичка сцена во Штип

Популарниот „Д Фестивал“ од оваа година ќе се одржува во Штип, а локацијата ќе биде во подножјето на тврдината Исар, покрај реката Брегалница. Оваа промена ја потврди градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој најави дека фестивалот ќе трае три дена во јули.

Фестивалот како економски и културен двигател

Градоначалникот истакна дека настанот ќе донесе позитивни промени во градот.

“Верувам дека ‘Д Фестивал’ ќе ја збогати културата на Штип и ќе ја зајакне локалната економија. Илјадници посетители ќе го исполнат градот, а сите сместувачки капацитети ќе бидат целосно искористени. Штип ќе живее во ритамот на фестивалот!” – изјави Јорданов.

Кампинг зона и повеќе бини

Фестивалот ќе се одржи на отворено, со кампинг зона за посетителите и неколку сцени за музички настапи.

“Концептот е делумно променет, но основниот дух останува ист. Кампинг-зоната и повеќето стејџови ќе обезбедат незаборавно фестивалско искуство,” – додаде Јорданов.

Од Дојран до Штип – ново поглавје за „Д Фестивал“

Оваа година ќе биде 15-то издание на фестивалот, кој во изминатите 14 години се одржуваше во Дојран. Останува да се види како публиката ќе ја прифати новата локација и што ќе донесе оваа значајна промена.