Ајде сите овие наши 220.000 деца да ги истестираме пред почетокот на новата учебна година за присуство на антитела кон SarsCov-2, стои во предлогот на д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Според него, целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет.

Во октомври ќе се одржат локални избори и политичките партии ќе потрошат десетици милиони евра за рекламирање на своите кандидати, иако сум длабоко убеден дека ниту еден граѓанин не ја сменил својата одлука за кого ќе гласа, врз основа на ова рекламирање. ПОЧИТУВАНИ раководства на политичките партии, ајде сите договорете се заедно и бесцелно потрошените пари за глупи реклами, пренасочете ги за тестирање и за други хумани и еколошки цели, нагласува Беќаровски.