Младите сите ни се по кафулиња, а ретко кој е контролиран, а само 20% од нив се вакцинирани. Сертификатот ја изгуби секоја смисла, барем за домашна употреба треба да се тргне – додава докторот во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
-Омикрон иде бурно, брзо и брзо завршува. Можеби треба да се размисли и за намалување на изолацијата на тие со симптоми. Седмиот ден еден брз тест ако е негативен да ги тргнеме луѓето, да не ги држиме. Веќе сме испразнети, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за препораката на Комисијата за заразни болести да се намали изолацијата на асимптоматските случаи со ковид-19, од десет на седум дена.
Според Беќаровски, во Клиниката за токсикологија, една третина од вработените се веќе вон строј поради овие мерки.