Д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија имаше реакција на Фејсбук по трагедијата во Прилеп, каде што жена почина од сепса.
Докторот побара реакција од надлежните и казна за одговорните за оваа трагедија.
– Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа поради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена (51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално. Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните. Сочуство до семејството на починатата. Господ нека ја прости, напиша Чибишев.