Докторката Александар Димова за емисијата „Утрински брифинг“ вели:
-Новиот делта сој е повирулентен и се покажа како позаразен. Всушност, еден од моментите што ја прави заразноста на овој вирус е тоа што кај помладите дава една полесна клиничка слика, од типот на главоболка и кивавица
Таа додава дека кај индискиот сој нема губење на мирис и вкус.
-Младите го поминуваат како еден вид потешка или полесна настинка, но несвесни дека се работи всушност за ковид-инфекција. Во однос на смртноста некаде исто е како претходните соеви, можеби е за нијанса поголема, смета Димова.