– Ако граѓаните не носат маски, ако се групираат, ако не држат дистанца, па вие и во 16 часот ставете полициски час – тие до 16 часот ќе го направат тоа. Мора да се иде на дисциплина на народот, мора да се сфати дека животот од кога почна ковид инфекцијата, па додека да заврши пандемијата мора да носат маски, вакцинирани или не. Тоа не може да го сфати народот, се додека тоа не го сфати ќе бараме други причини, истакна д-р Докиќ во гостувањето во „Click Plus“ на ТВ21.