Намалувањето на дневните температурите и собирите на затвoрено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ во изјава на ТВ21.
Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.
Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.
За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.