– Во состојба кога се откажани сите културни манифестации и сите настани коишто се од значење за социјалниот живот на младите важни се вакви средби и со цел да се придонесе за расчистување на состојбата и , начинот на кој би требало да се решаваат проблемите коишто очигледно постојат. Младите пред се претставуваат една ранлива категорија особено заради пандемијата. Од една стана затоа што се изложени на состојба во која не се навикнати да функционираат, таа состојба ги ограничува, треба да се откажат од се она со што претходно се занимавале, да го сменат својот начин на функционирање и потребно е да се адаптираат на новонастанатите услови, рече д-р Николов.
Тој вели дека сети тие промени поради Ковид-19 може да има влијание на емотивната состојба на младите и можат да доведат до различни емотивни реакции кои доколку траат подолго време можат да одат во правец непожелен за менталното и психичкото здравје.
– Доколку оваа состојба трае подолго време, крајот не го гледаме сето тоа дава опција да младите бидат изможени на овие состојби подолг временски период, со самото тоа можат да бидат очекувани одредени реакции кои можат да се одразат лошо за здравјето на младиот човек, за здравјето и функционалноста на семејството и секако за неговото опкружување и за неговите блиски. Сведоци сме на контроверзни пораки и директиви кои доаѓаат од власта и тие директиви наметнати заради лошата координација и ги остваат младите да не знаат како да реагираат во одредена ситуација, посочи Николов.
Според него многу е важно да се направат напори прво да им се помогне на младите како ранлива категорија бидејќи први коишто остануваат без работа се они коишто тукушто заполнале нешто да работат и се наоѓаат во тешка состојба кога остануваат без средства за функционирање.
– Тоа може да влијае на нивната психа и заради тоа државата треба да преземе мерки со цел да ја заштити оваа ранлива популација. Никој не ги набројува како ранлива категорија младите. Многу е важно покрај новонастанатата ситуција младите да го зачуваат физичкото, покрај менталното здравје, но да ги почитуваат протоколите, појани Николов.