Таа вели дека не може да издвои дали смртноста е поголема или не, за разлика од изворниот сој, но забележува дека пациентите со британски сој на коронавирусот имаат значително повисока температура.
– Што се однесува до различната клиничка слика, сега гледаме пациенти со многу повисоки температури. Објективно, тоа е причина што создава страв, паника кај луѓето, но тоа не се одразува со тешка клиничка слика, таков впечаток не можеме да издвоиме. Но, покачената температура како симптом се појавува. Особено, во споредба со претходниот период кога температурата не мораше да биде 39 или 40, туку напротив беа ниски температури и тоа беше карактеристика како симптом, рече Стевановиќ.