Според него колективниот имунитет не е постигнат, а бројот на починати пациенти од коронавирусот е голем.
-Преуранети се дел од мерките. Дозволувањето на свадбите не треба да се прави и тоа сметам дека е најмногу од се, притисок од угостителите. Свадбите се притисок од свадбарите, кои во текот на целата пандемија и онака работеа и ги прекршуваа протоколите. Никој не се придржуваше до протоколите да се почитува бројот на гости на една маса, масите беа преблиску поставени една до друга, и јас лично не би ги пуштил свадбите имајќи ја предвид оваа блиска слика од минатото, посочи д-р Стојанов.
Што се однесува до мерката да не се носат маски на отворено, тој смета дека таа мерка е оправдана, со оглед на тоа што, како што вели, и досега немаше логика.
– Меѓутоа, дефинитивно не сум поборник да се опуштаат мерките затоа што смртноста во нашата земја не е занемарлива работа. Точно е дека падна бројот на новозаболени, ама не доволно за се така лефтерно да се опушти. Уште немаме доволен број на вакцинирани за да кажеме дека имаме колективен имунитет, кој се создава со вакцинација барем на 60 проценти од населението. Ние сме далеку од таа бројка, изјави доктор Стојанов за „Слободен печат“.