Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, веднаш по преземањето на функцијата започна со обемна акција за темелно чистење на главниот град, со особено внимание кон градскиот кеј и коритото на реката Вардар. Неговите напори продолжуваат и денес, што може да се види и од видеата кои се шират на социјалните мрежи и кои покажуваат активни екипи на терен.

Граѓаните масовно реагираат со пофални коментари за динамиката и континуитетот на чистењето. Меѓу бројните реакции, најзабележлива е таа во која се наведува: „Скопје утрово. Да не беше Орце до денес немаше да знаеме дека плоштадот има бели плочки“, со благодарност за секојдневното одржување на хигиената во градот.

Видеата и коментарите ја одразуваат поддршката на скопјани кон тековните активности, кои имаат за цел да го вратат уредниот изглед на јавните површини.