Paket.mk со платформата „Направи повеќе“ започна донаторска акција за да се помогне на социјално загрозени семејства да добијат намирници за време на новогодишните празници.

„Со нашето малку можеме да овозможиме нечие многу. Ова е девизата од којашто се водевме за партнерството со „Направи повеќе“. Идејата е на лесен начин секој да може да донира намирници користејќи ја платформата на онлајн супермаркетот Paket.mk. Како најголема платформа во Македонија сметаме дека може да помогнеме на многу семејства и ги повикуваме граѓаните да помогнат да собереме што повеќе намирници и да помогнеме онаму каде навистина треба помош“, изјави Драган Јосифовски, ко-сопственик и директор на Paket.mk.

Проектот „Направи повеќе” е направен со цел да се намали бројот на семејства со потешкотии да набават намирници за исхрана и хигиена преку принцип на донирање со дигитална, брза и транспарентна донација. На интернет страницата https://domoremk.com може да се избере семејство за донација и да се пријави семејство каде има потреба од помош. Донациите се вршат преку донирање средства со кои ќе се обезбедат потребните намирници преку Paket.mk.