Сега граѓаните плаќаат 5,95 денари киловат час во високата тарифа. Корекција на цената ќе има, но се уште не се знае колку. Од ЕСМ велат дека тие ќе внимаваат на социјланиот момент. Државните електрани во јуни ќе анализираат по која цена ќе ја понудат електричната енергија на ЕВН Хоум за втората половина од годинава. Во јуни ќе ја прават и проценката на состојбата на термоелектраните и на хидро состојбата.
Но, од таму не откриваат дали и колкава загуба прокнижиле. Велат завршната сметка за минатата година ќе ја објават на нивниот сајт. На цената на ЕСМ која има и најголем удел во крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинстават, РКЕ нема можност за влијание бидејќи таа ја оформува слободниот пазар. РКЕ може да влијае само на 38 отсто – на 58 проценти нема влијание.
Енергетските експерти пак смируваат откако енергетските компаниите веќе ги доставија своите математики до Регулаторна, во кои некои од нив бараат и двојно покачување на цените за нив. Не очекуваат драстично покачување на цената на електричната енергија, а ако има тоа ќе биде минорно. Потенцираат дека сега се е во рацете на ЕСМ и ЕВН. Најмногу ќе зависи од тоа по која цена Државните електрани ќе им ја понудат електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум на тендерот во јуни.
Пренесува телевизија Телма