Дали министерот за правда Никола Тупанчевски ќе биде првата „жртва“ на се поизвесниот влез на Алијанса во Владата?
Неофицијални извори за Фактор укажуваат деа ресорот за правда СДСМ ќе и го даде на Алијанса, со цел да бидат задоволени нивните аспирации за влез во власта.
Се уште нема информации кој е кадарот од Алијанса кој би седнал на министерското место во ресорот правда.
На средбата која се одржа денеска меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на АА, Арбен Таравари, тој со себе носеше програма од пет точки, меѓу кои и гаранција дека ќе поминат уставните измени, кои се услов Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија. По средбата, пак, Таравари пред медиумите кажа дека имаат 90 отсто синхронизирани програмски определби и дека нивните шанси за влез во Владата се огромни.
Тој кажа дека за кадровските решенија ќе разговараат следните денови. Но, според некои информации кои веќе г објавија медиумите, АА бара трите коалициони партнери, СДСМ, ДУИ и Алтернатива да се откажат од по еден ресор – Министерството за правда, Министерството за екологија и Министерството за здравство, а дополнително ДУИ и СДСМ да имаат и една рокада, јавија медиумите.
Ковачевски пак, пред средбата соопшти дека ќе разговараат за евроинтегративниот процес, енергетската криза но и можна идна коалиција со Алијансата за Албанците.