– Ако Мила Царовска го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека прави опструкции за носење на овој закон, би рекол дека е во право, затоа што ние сметаме дека тој закон таков каков што е напишан, не треба да биде донесен, рече Николоски.

Според него кога се прави една голема образовна реформа, треба да широк консензус и дијалог со сите засегнати страни.

– Кога се прави една голема образовна реформа, првата работа што треба да се направи е широк општествен консензус и дијалог со сите засегнати страни, и со опозицијата но и со стручната фела, тоа не е направено во овој случај и се турка законот на сила во една нетранспарентна постапка, вели Николоски.

Тој меѓу другото истакна дека таканаречениот дигитален учебник се спротивставува на целиот образовен систем како и на тековите во Европа, посочувајќи ја како пример Франција која забрани употреба на било каков електронски уред на деца до 15 години.

– Досега никој не видел како ќе изгледа тој таканаречен дигитален учебник, а во исто време тоа се спротивставува и на целиот образовен процес и на ако сакате тековите во моментот во Европа. Имено францускиот министер за образование пред неколку дена кажа дека Франција забранува употреба на било каков електронски уред за деца до 15 години, а камо ли да ги ставите учебниците на таблет или на телефон, вели тој.

На крај потпретседателот Николоски го упати уште еднаш прашањето до министерката Царовска дали овој проект се турка на сила бидејќи вреди 125 милиони евра за 5 години поврзани со фирми од Хрватска.

– И работа за која што Мила Царовска одбегнува да даде одговор иако јас еве 10 дена има откако првпат ја кажав па ја повторив на интервју пред два дена е дали причината зошто го тера и го турка на сила овој проект за дигитални учебници е од лукаративен карактер односно дали причината зошто се обидува да го истурка ова вреди во 5 години 125 милиони евра поврзани со фирми од Хрватска. Еве трет пат правам провокација да одговори дали е оваа причината, праша Николоски.