-Не знаевме дека ќе дојде, кога го видовме го прекинавме тренингот. Неговата посета донесе добра енергија на тимот. Можевме да го прегрнеме, беше убаво да се види како се шета со синот, изјави играчот за врска на Данска Кристијан Нергорд.
Својата среќа што повторно го гледа ја искажа и Јоаким Мел.
-Беше емотивно затоа што последниот пат го видовме како лежи на тревата. Знаевме дека е во ред, но поинакво е чувството кога тој ќе дојде до вас, изјави Мел.