Децата се пронајдени како неконтролирано повраќале и паѓале во несвест, а потоа се враќале при свест, во саботата попладне во местото Паунд лејн во Епсон, пренесе Гардијан.
Три момчиња, од кои двајца имаат 12, а третиот 13 години и дванаесетгодишно девојче, пренесени се во локалната болница и може да бидат среќни што не добиле потешки последици од тоа што го јаделе, додава полицијата. Се наведува дека добиле „сериозна реакција на слатките за кои мислеле дека содржат канабис“.
Four children (age 12 & 13) from #Epsom are in hospital after eating edibles – sweets they believe contain cannabis. Please warn your kids of the dangers of these products – and if you know where they may have got them from pls DM us (ref PR/P21090934).https://t.co/0VmTQRDfWK pic.twitter.com/bFN1jifTZ4
— Epsom and Ewell Beat (Surrey Police) (@EpsomEwellBeat) May 1, 2021
Се уште се испитува како дошле до слатките, а полицијата нема претстава како изгледале, иако извештаите од петокот вечерта укажуваат на тоа дека е можно да јаделе зелени желе бонбони во вид на круг. Детективката Лиза Бечли изјави дека децата имале „неверојатна среќа што не добиле многу потешки симптоми“.
Таа додава дека случајот се истражува и полицијата сака да дознае кој им ги дал слатките. Се претпоставува дека децата ги добиле слатките на блиѓното игралиште.
На родителите во Епсон им е кажано што побрзо да разговааат со своите деца за опасностите од храна која содржи канабис.
Таквата храна го има предзнакот „за јадење“, но е илегална и не е регулирана со закон во Велика Британија.