Додека децата најчесто ги проаѓаат вирусите се со поблаги симптоми, истражување покажа дека тие се подложни на подолготрајни симптоми кога се работи за инфекција со коронавирусот.

Светската здравствена организација, која се уште прави истражувања на темата, дојде до сознанија дека еден од 10 луѓе кои се заразиле со Ковид, се уште имаат симптоми на вирусот и по 12-та недела од позитивниот тест.

Податоците собрани во Велика Британија, помеѓу април и декември во 2020 година, покажуваат дека децата се исто така погодени од вирусот.

Заводот за национална статистика проценува дека 12,9 проценти од испитаниците на возраст помеѓу 2 и 11 години и 14,5 проценти од оние помеѓу 12-16 годишна возраст, се уште покажувале симптоми на замор, кашлица, главоболка, губење на вкус или мирис или болки во мускулите, и дури пет недели по инфекцијата.

-Кога ќе заспиев, главоболките ми стануваа уште посилни, бев заморен цел ден, тешко беше да станам од кревет, и не можев да се сконцентрирам, изјави за Еуроњуз 15-годишната Џорџина Калеро.