Извршниот директор на Бугарската асоцијација за нафта и гас, Андреј Делчев, за БНТ тврди дека во Бугарија нема недостиг од гориво.

Според Делчев, складовите се полни, Државната резерва одржува залихи за 90 дена, додека Рафинеријата работи без прекин.

Тој ги коментираше синоќешните колони од автомобили на бензинските пумпи во Софија и другите градови во земјава поради скокот на цената на бензините и дизелот.

Според Делчев, некои компании кои не се членки на Бугарската асоцијација за нафта и гас шпекулативно ги покачиле цените за 30-40 стотинки и создале паника. Цените на горивата во најголемите синџири се под 3 лева (1,50 евра).

Живодар Терзиев, претседател на Бугарската асоцијација за нафта и гас, изјави дека колемите складишта ќе отворат со работа и денеска иако во земјата е државен празник и слободен ден.

Претходно министерот за е-влада Божидар Божанов изјави дека Бугарија била цел на кампања за дезинформации и дека премиерот Кирил Петков побарал од него да провери од каде таа почнала.