Ти ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај Радовиш.

Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш.

Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓу другото се наведува дека според првичните сознанија, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда. Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, биле ангажирани со договор меѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

Од Обвинителството додаваат дека е забрането работењето на тој дел од рудникот, и истиот е обезбеден од полициски службеници, а увидот продолжува и денеска со увид на местото на несреќата со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.