Денеска го прославуваме роденденот на татковината. А одбележуваме 33 години од независноста на Македонија. Нека е честит празникот и за многу години. 8-ми септември важен датум од историјата, ден кога граѓаните на референдум се изјаснија за независна држава.

На 8 септември 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостојна и независна Македонија.

На денешен ден во 1991-ва година беше прогласено дека Република Македонија ќе оди по сопствен пат, како независна и суверена држава.

Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, во 13:00 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видеоспотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видеоспот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.