Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски, известуваат од УХМР.