Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.
Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител „Синовак“ што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава.
За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест.