Денеска во законодавниот дом ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование. По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора.

За заменик-министер за одбрана е предложен Адмир Шабани, долгогодишен портпарол на државната изборна комисија, а за образование – Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на „Вреди“. Ова е втора кадровска промена годинава, по пополнувањето на позициите што му припаѓаа на Изет Меџити со Беким Сали и Мухамед Хоџа.

Поради внатрешните превирања во „Вреди“ и спојувањето во една партија, албанскиот владин партнер веројатно ќе има смени и во пролетната реконструкција на владата. Касами побара смена на Лимани.